Со „Етно носталгија“, ретроспективна изложба на слики во техниката акварел на авторот Никола Гроздановски – Коле во ХНК Осиек се заокружи овогодишната културна манифестација „21. Денови на браќата Миладиновци“, која се реализираше во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек, а под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ. Изложбата беше отворена на 9, а траеше до 16 октомври 2018 година.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 115.


















