Заедницата на Македонците во РХ во соработка со МКД „Билјана“ од Задар, на 16 октомври 2018 година организираше трибина со наслов „Хрватско-македонски културни врски“. Трибината се одржа во просториите на МКД во Задар, под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ. Водителка на трибината беше Мирјана Мајиќ, претседателка на Друштвото и водителка на литерарно-драмската секција „Записи со љубов“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 115.











