На 5 мај 2019 година Македонците во Хрватска избраа свои претставници преку кои ќе можат да учествуваат во јавниот живот и во управувањето на локално ниво преку советите и претставниците на националните малцинства во единиците на локалната самоуправа. Вкупно 123 Македонци во 6 совети и 6 претставници во наредните 4 години ќе ги застапуваат интересите и ќе ги штитат правата на македонското национално малцинство во Република Хрватска.
За претставничка за Загрепската жупанија избрана е Лена Ѓапиќ. Заменик: Миле Крстевски.
За претставник за Сисачко-мославачката жупанија избран е Живко Давидовски. Заменик: Ѓорѓи Арсоски.
За претставничка за Задарската жупанија избрана е Мирјана Мајиќ. Заменик: Драган Јакимовски.
За претставник за Сплитско-далматинската жупанија избран е Перо Груевски. Заменичка: Ленче Магањиќ.
За претставник за Осиечко-барањската жупанија избран е Драгољуб Сиљаноски. Заменик: Борис Трајановски.
За претставничка за Град Осиек избрана е Јагода Цветичанин. Заменичка: Јулијана Младеновска-Тешија.
Во Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб се избрани: Горан Андоноски, Тинка Барбутов Крстева, Олга Чичек, Николче Цветановски, Иван Димоски, Иринка Ангелова-Попржан, Љубинка Бамбир, Зоран Богдановски, Наум Јованоски, Елизабета Планиниќ, Бранко Ристовски, Катерина Зековиќ, Споменка Демниева, Стојче Кметски, Јангел Малинов, Благоја Мирчевски, Ана Голенко, Дарко Радевски, Зорица Велиновска, Тоде Чучуковски, Гордана Колески, Даниел Лазов, Владе Малечков, Гордана Стојков и Моника Кордиќ. За претседател на Советот избран е Благоја Мирчевски.
Во Советот на македонското национално малцинство за Приморско-горанската жупанија избрани се: Ивона Дуноски Митев, Илија Христодулов, Ванѓа Калиќ, Магда Динова, Стојанка Ившиќ, Велимир Лозановски, Драгица Малиниќ, Марјан Митев, Лена Пешун, Александра Пилчиќ, Павлина Пуж, Љупчо Тодоровски, Кирило Трајковски, Лидија Божиќ, Иван Дуноски, Ирена Колариќ, Гордана Крстевска, Васа Ливајиќ, Ванчо Милчов, Илија Младенов, Спасена Младенова, Љубица Прга, Данијела Штанфел, Дражен Тодоровски и Санда Треневска-Хрељац. За претседателка на Советот избрана е Данијела Штанфел.
Во Советот на македонското национално малцинство за Град Риека избрани се: Магда Динова, Илија Христодулов, Велимир Лозановски, Лидија Божиќ, Иван Дуноски, Стојанка Ившиќ, Илија Младенов, Звонко Таневски, Васа Ливајиќ, Драгица Малиниќ, Ванчо Милчов, Спасена Младенова, Лена Пешун, Дражен Тодоровски и Санда Треневска-Хрељац. За претседателка на Советот избрана е Санда Треневска-Хрељац.
Во Советот на македонското национално малцинство за Град Сплит избрани се: Трајче Филипов, Македонка Кнезовиќ, Лазо Делевски, Лорета Мариниќ, Драгица Боначиќ-Сарго, Василка Брешковиќ, Милица Мунитиќ, Трајче Димовски, Маре Думаниќ, Венка Џанко, Крсте Јанкоски, Крсте Блажевски, Лидија Ненадиќ, Сњежана Петровски и Аница Плазониќ. За претседателка на Советот избрана е Аница Плазониќ.
Во Советот на македонското национално малцинство за Истарската жупанија избрани се: Љубинка Петровска, Зоран Петровски, Орце Стојкоски, Виолета Рабасовиќ, Марика Златкова, Панде Џонов, Веса Прелогова, Дане Спасевски, Борче Атанасоски, Сашка Соломоновска Јаневска, Мито Златков, Игор Јаневски, Филип Филипоски, Виолета Матракоска Варга, Трајко Стојкоски, Жаклина Неделковска, Сашо Трајчески, Миле Колчакоски, Михаела Златеска, Милена Златеска, Ратко Златески и Тодор Брдарски. За претседателка на Советот избрана е Сашка Соломоновска Јаневска.
Во Советот на македонското национално малцинство за Град Пула избрани се: Никол Стојкоска, Орце Стојкоски, Игор Јаневски, Веса Прелогова, Борче Атанасоски, Виолета Рабасовиќ, Сашка Соломоновска Јаневска, Трајко Стојкоски, Михаела Златеска, Филип Филипоски, Виолета Матракоска Варга, Сашо Трајчески, Милена Златеска, Ратко Златески и Ѓоре Васков. За претседател на Советот избран е Орце Стојкоски.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 118.








