„Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“ оваа година беше одбележан во Осиек, на 26 октомври 2019 година, во Домот на хрватската војска и под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска. На манифестацијата беше претставена досегашната работа на секциите на сите МКД-а во состав на ЗМРХ со настапи на фолклорни, пејачки, инструментални, рецитаторски, детски и етно групи, а како гости на програмата настапија КУД „Зора“ од Пишкоревци. Исто така, беше поставена изложба на списанието „Македонски глас“ во издание на ЗМРХ, како и ликовни и етно ракотворби од етно работилниците на друштвата. Настанот воедно ја одбележа и 25-годишнината од постоењето на МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек. Манифестацијата ја увеличаа и многу угледни гости, званици и посетители.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 121.