Рецензија на д-р Славчо Ковилоски: Од особена важност е појавувањето на книгата „Убавиот збор и железна врата отвора“, со поднаслов: „Кратки фолклорни жанрови од македонското народно творештво“ во избор и приредена од Елизабета Петровска, а во издание на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а коиздавач e Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб од 2015 година. Зошто е тоа така? Одговорот е едноставен, бидејќи „не се вели попусто дека народот без традиција е дрво без корен“, како што забележува и самата Петровска во Предговорот на книгата. Со неа, на Македонците во Хрватска им ја приближува сета убавина на македонското народно творештво, како темел на денешната современа книжевност. Но не само на нив. Таа може и служи како основа за учење и проучување на македонскиот фолклор и од Хрватите и останатите национални заедници коишто живеат во Хрватска. Токму затоа, нејзиното значење е многу поголемо од вообичаените изданија на оваа тематика, бидејќи се објавува надвор од матичната земја, односно надвор од местото каде што за првпат се појавени овие фолклорни бисери.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 123.














