Илинден 2020.

Илинден 2020.

  

  

По долга пауза, почестени од поканата на врвниот музичар, многу наградуваниот инструменталист, композитор и аранжер Зоран Мајсторовиќ,  на 1 август 2020 година музичката група на Македонското културно друштво „Илинден“ пред „Експортдрво“ на Делта во Риека, настапи на заеднички концерт наречен „Светска музика“ со „Зоран Мајсторовиќ трио бенд“. Во оваа необична ситуација предизвикана од ковид-19, со овој настап Македонците од Приморско-горанската жупанија го прославија најголемиот македонски празник Илинден.

  

Илинден пригодно се прослави и во Осиек и Пула.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 126.

Comments are closed.