Виртуелна „Ноќ на книгата“ – Блаже Конески

Виртуелна „Ноќ на книгата“ – Блаже Конески

  

  

И годинава, по повод „Меѓународниот ден на книгата и авторските права“ и „Денот на хрватската книга“, по јубилеен 10. пат во Хрватска се организираше традиционалната манифестација „Ноќ на книгата“. Заедницата на Македонците во РХ во соработка со МКД „Охридски бисер“ од Загреб учествува на оваа манифестација веќе седум години по ред, па така, на 23 април се одржа македонската „Ноќ на книгата“.

Поради пандемијата на коронавирусот и годинава се организираше виртуелна книжевна вечер на „Facebook“ страницата на ЗМРХ. Темата беше „Запознајте го македонското современо книжевно творештво“, преку – Претставување на ликот и делото на Блаже Конески – автор на современата „Граматика на македонскиот книжевен јазик“.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 130.

Comments are closed.