Откажана и овогодишната прослава на Илинден

Откажана и овогодишната прослава на Илинден

  

Поради епидемиолошките мерки за спречување на ширењето на болеста ковид-19, како и самата комплицираност на постапката за организација на една голема манифестација од ваков тип, по внимателна анализа, за жал, принудени сме да ја откажеме и овогодишната централна прослава на најголемиот македонски национален празник „ИЛИНДЕН 1903-2021“, која требаше да се одржи на 31 јули 2021 година во Парк шумата „Голубињак“ во Горски Котар, во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Илинден“ од Риека, а под покровителство на Советот за национални малцинства на РХ.

„Длабоко свесни за пропишаните мерки според кои единствено може да се одржи оваа манифестација (за сите учесници потврда: за извршено вакцинирање, за преболен ковид-19 или PCR тест, список на сите учесници со нивни лични податоци за контакт и сл.), дојдовме до заклучок дека е скоро невозможно да се организира и реализира, со оглед на посетеноста на излетничкиот простор ПШ „Голубињак“ и неговата туристичка содржина (постои оправдан страв од мешање на надворешни гости со нашите, што го зголемува ризикот од ширење на инфекцијата). Апелираме на разбирање и трпеливост до следната година кога се надеваме дека конечно ќе бидеме опуштени и слободни од било какво сомневање и страв. Нека ни е среќен и благословен ИЛИНДЕН!“, изјави претседателот на ЗМРХ, Илија Христодулов.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 131.

Comments are closed.