За време на тридневната работна посета на Хрватска, делегација на македонското Министерство за надворешни работи, заменичката на министерот и копретседателка на Меѓувладиниот мешовит одбор за заштита на националните малцинства помеѓу Хрватска и Македонија, Фатмире Исаки и директорката на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави при Министерството, Маја Апостоловска Балабурски, на 10 јуни 2021 година, во просториите на Заедницата на Македонците во РХ, оствари пријателска средба со претставници на македонските асоцијации во Загреб. Делегацијата ја предводеше новиот македонски амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, во придружба на министер советникот при амбасадата, Назиф Џафери.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 131.












