На 18 јуни 2021 година во просториите на Заедницата на Македонците во РХ се оствари уште една конструктивна средба на Македонците во Хрватска со македонскиот министер за правда, Бојан Маричиќ и со македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи. Во придружба на министерот Маричиќ присутни беа Александра Вуковиќ, Александар Видиновски и Марио Андоновски. Средбата беше дел од дводневната работна посета на министерот во Загреб.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 131.










