И оваа 2024 година, по повод „Меѓународниот ден на книгата и авторските права“ и „Денот на хрватската книга“, во Хрватска се организираше традиционалната манифестација „Ноќ на книгата“. Заедницата на Македонците во РХ во соработка со МКД „Охридски бисер“ од Загреб учествува на оваа манифестација веќе 10 години по ред, па така, на 23 април се одржа македонската „Ноќ на книгата“. Тема на книжевната вечер беше „Дружење со македонска поезија“, со наслов „Анализа на збирката раскази „Чудотворен кавал“ на Ванчо Николески во споредба со „Приказни од дамнина“ на Ивана Брлиќ-Мажураниќ“ и читање поезија на македонски јазик во изведба на членовите на работилницата по македонски јазик за возрасни при МКД „Охридски бисер“ – Загреб, со претставување на книги во издаваштво на Заедницата на Македонците во РХ. Програмата ја водеше Горан Коров.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 148.