Во рамките на „33. Денови на македонската култура – Св. Кирил и Методиј“ во Сплит, а во соработка со Заедницата на Македонците во Република Хрватска и под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска, на 21 ноември 2024 година во просториите на Македонското културно друштво „Македонија“ во Сплит беше одржано предавање на тема „Аспект на фолклорот на македонскиот и хрватскиот народ“ од д-р Данка Радиќ и Силва Млачиќ, водителка на етно работилницата за изработка на македонски народни носии и зачувување на националниот идентитет. Гости беа КУД „Квадриља“ – Трогир.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 152.