Ден на Заедницата на Македонците во РХ

Ден на Заедницата на Македонците во РХ

„Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“ оваа година беше одбележан во Сплит, на 9 ноември 2024 година, во салата на „Лора“ – Дом на хрватската војска Сплит и под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска. На манифестацијата беше претставена досегашната работа на секциите на сите МКД-а во состав на ЗМРХ со настапи на фолклорни, пејачки, инструментални, рецитаторски, детски и етно групи. Исто така, беше поставена изложба на списанието „Македонски глас“ во издание на ЗМРХ, како и ликовни и етно ракотворби од етно работилниците на друштвата. Манифестацијата ја увеличаа и многу угледни гости, званици и посетители.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 152.

Comments are closed.