Ноќ на книгата 2025.

Ноќ на книгата 2025.

И оваа 2025 година, по повод „Меѓународниот ден на книгата и авторските права“ и „Денот на хрватската книга“, во Хрватска се организираше традиционалната манифестација „Ноќ на книгата“. Заедницата на Македонците во РХ во соработка со МКД „Охридски бисер“ од Загреб учествува на оваа манифестација веќе 11 години по ред, па така, на 23 април се одржа македонската „Ноќ на книгата“. Тема на книжевната вечер беше „Дружење со македонска поезија“, читање поезија на македонски јазик во изведба на членовите на работилницата по македонски јазик за возрасни при МКД „Охридски бисер“ – Загреб, со претставување на книги во издаваштво на Заедницата на Македонците во РХ.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 154.

Comments are closed.