„Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“ оваа година беше одбележан во Осиек, на 8 ноември 2025 година, во салата на Културниот центар „Фрањо Крежма“ под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. На манифестацијата беше претставена досегашната работа на секциите на сите МКД-а во состав на ЗМРХ со настапи на фолклорни, пејачки, инструментални, рецитаторски, детски и етно групи. Исто така, беше поставена изложба на списанието „Македонски глас“ во издание на ЗМРХ, како и ликовни и етно ракотворби од етно работилниците на друштвата. Манифестацијата ја увеличаа и многу угледни гости, званици и посетители.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 158.


























