Во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, на 27 ноември 2025 година во просториите на ЗМРХ се одржа културната манифестација „Хрватско-македонски културни врски“. Трибината беше на тема „Пријателството и разбирањето низ книжевноста“, а настанот се реализираше под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ. Предавање одржа проф. д-р Васил Тоциновски, а трибината ја водеше Виолета Штерјова, потпретседателка на МКД „Охридски бисер“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 158.













