







Во организација на Заедницата, а под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ и Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска, на ден 19.12.2011. година, се одржа културната манифестација “ДЕН НА ЗАЕДНИЦАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА” во Осиек. На манифестацијата која е одржана во салата на Домот на Хрватската војска беше претставена досегашната работа на секциите на сите МКД-а во состав на Заедницата со настапи на фолклорни, пејачки, инструментални, рецитаторски и детски групи како и етно работилници. Манифестацијата ја увеличаа и многу угледни гости, званици и посетители. Ова воедно беше и 20. јубилеј на Заедницата.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 74.











