Состојки
500 гр свежи домати, 500 гр свежи краставици, 250 гр црвени свежи пиперки, 250 гр зелени свежи пиперки, 50 гр млад кромид, луто пиперче
За салатен прелив
половина лажичка сол, бибер, малку зејтин, 2 лажици јабучен оцет
За послужување
150 гр бело солено сирење
Подготовка
Измијте го зеленчукот. Доматите, олупените краставици и пиперките очистете ги од семките и насецкајте ги на коцки. Сето заедно ставете го во подлабок сад, па додадете ги младиот кромид насецкан на плошки и ситно насецканото луто пиперче. Сето тоа добро измешајте го и оладете. Пред служење салатата посолете ја и забиберете, додадете зејтин и оцет и добро измешајте ја. Одозгора на салатата додадете нарибано бело солено сирење.
Шопска салата 2
Состојки
40 дкг свежи домати, 20 дкг свежи краставици, 20 дкг бело солено сирење, 4 свежи пиперки, 2 главици кромид, 1 суво луто пиперче, сол, зејтин, оцет, магдонос
Подготовка
Насецкајте ги свежите домати, свежите краставици и свежите пиперки на коцки и сето тоа добро измешајте го. Потоа додадете ги лутото пиперче исецкано на ситни парчиња и кромидот насецкан на кругови. Салатата зачинете ја со зејтин, оцет и сол. На крајот по салатата нарибајте бело солено сирење. Украсете ја со ливчиња магдонос.