Чкембе чорба

Чкембе чорба

Состојки

1,5 кг јагнешко чкембе, 1,5 дцл вино, сува лута пиперка, 2-3 листа целер, зејтин, лук, црвен пипер, црн пипер, брашно, сол

Подготовка

Чкембето се чисти, мие и сече на пoситни парчиња. Се става да се вари заедно со винoтo, сoлта, целерот, лукот и пиперката. Откако ќе се свари, се прави запршка од зејтин, 1 лажица брашнo и црвен пипер и се става во јадењето. Се вари уште десетина минути и на крајот се додава црн пипер.

Битолска чкембе чорба

Состојки

1,5 кг телешко чкембе, телешка коска, 4-5 моркови, 2 компири, брашно, црвен пипер за готвење, лажица Вегета, црн пипер, ловоров лист, сол

Подготовка

Чкембето се вари заедно со морковите и компирите додека не омекне. Кога е варено, се сецка на ситни парчиња, а компирите и морковите се пасираат. Одделно се вари коската (и треба повеќе време да се свари, а најдобро е 1 час во експрес лонец). Откако ќе се свари, коската се отстранува, останува само течноста. Се соединуваат чкембето со течноста од коската. Се ставаат зедно да провријат, се прави запршка од 1 лажица брашно со 1 лажица црвен пипер за готвење и се запржува чорбата. Се додава 1 лажица Вегета, црн пипер, ловоров лист и сол по вкус. Се вари уште 10 мин. и се сервира со додаток од истолчен лук со киселина.

Comments are closed.