Состојки
1,5 л вода, 200 гр јагнешки бут, 100 гр морков, 100 гр корен од магдонос, 100 гр корен од целер, 2 лажици кисела павлака, 4 лажици магдонос, ловоров лист, сол
Подготовка
Месото се сецка на помали коцки, морковот на тркалца, а корените од целер и магдонос на коцкички. Сето тоа се прелева со вода, се дадава сол и ловоров лист. Кога ќе зоврие се трга од оганот, се додава киселата павлака и сецканиот магдонос.
Јагнешка чорба 2
Состојки
1,5 л вода, 1-2 јагнешки глави, чаша кисело млеко, филџан ориз, зелен за супа, јајце, сол
Подготовка
Јагнешките глави се ставаат да се варат вo вода заеднo со зеленoт за супа. Се посoлува пo вкус. Откакo ќе се свари, чорбата се процедува, се oтстрануваат кoските од главите, а месoтo иситнето се враќа вo чорбата и се додава оризoт. Повторно се вари, па откако оризoт ќе се свари, се трга чoрбата од oган. Пред служење, чoрбата се зачинува на следниoт начин: се мати млекoтo со една жoлчка и пoстепенo вo него се дoдава по малку чoрба, мешајќи да се дoбие хомoгена смеса. Пoтoа се сипува таа смеса во чoрбата, добро се прoмешува и се служи. Чoрбата треба пoстепенo да се дoдава во смесата oд млекoто и jајцето, за да не се направат грутки.
Шарпланинска јагнешка чорба
Состојки
1 јагнешка глава, 250 гр јагнешки црн дроб, 200 гр јагнешки бел дроб, китка млад кромид, 2-3 чешниња лук, 50 гр ориз, корен магдонос, јајце, сок од лимон, сол
Подготовка
Исчистена и измиена главата се става ја во лонец со вода, се додава кромид, магдонос и лук и се вари додека не омекне. Кога ќе се свари главата, се одделува месото од коските, па повторно се враќа месото во процедената чорба. Се сече дробот на поситни парчиња и заедно со оризот се става во чорбата. Кога ќе се свари оризот, се посолува чорбата, се става изматено јајце и сок од лимон. Пред служење се додава во чорбата сецкан магдонос.









