Тапан

Тапан

Тапанот е традиционален македонски народен удирачки инструмент направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тој се свири со две посебни палки: кукуда и прачка. Кукудата се прави од оревово дрво и по облик е нешто налик на луле. Прачката пак е тенка, и обично се прави од кучешки дрен или врба. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно. Предвиден е да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора.

За тапанот се знаело уште во неолитот. Во Македонија постојат средновековни ѕидни цртежи (помеѓу 14 и 16 век) со тапанари и други музичари. Ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз.

 

Comments are closed.