Грнчарство

Грнчарство

 

Грнчарството е занает од вековната македонска традиција. Корените на грнчарството во Македонија датираат уште од праисторијата, па преку античкиот, византискиот и отоманскиот период можат да се видат и денес. За тоа сведочи керамиката што се пронаѓа во археолошките локалитети и го презентира уметничкиот израз на некое време.

Овој традиционален занает што успеа да преживее векови на предизвици се негува и денес. Во минатото со грнчарство се занимавале сиромашните семејства. Грнчар бил и Кочо Рацин, еден од најголемите македоски поети.

Грнчарите изработуваат врвни дела и секој производ е уникатен и има единствена вредност. Грнчарските садови се изработуваат од глина, најчесто на грнчарско тркало придвижувано со нога и декорирани се на примитивен начин, боја, графит и примена на релјефни мотиви. Изработените бардаци, стомни, тави, грниња и други производи се сушат и печат во специјални печки. Со своите разновидни форми и богата декорација, тие се одраз на вистинска уметност и богата имагинација.

Денес, грнчарските производи се сè уште барани на пазарот што ја одржува традицијата, но и занаетот. Освен за потребите на домаќинствата, тие служат и како украс во домовите на вљубениците во традицијата, раскажуваат за историјата и го носат духот на македонската умешност.

 

Comments are closed.