Скопје

Скопје

 

Грбот на Градот Скопје има форма на штит, на кој горната страна е полулак свртен внатре, левиот и десниот горен агол на штитот го прават две коси линии, додека долните страни се надворешно заоблени лакови што завршуваат со врв по средината на долната оска. Во просторот на штитот се содржани: Камениот мост со реката Вардар, Тврдината Кале и снежните врвови на Шар Планина.

Знамето на Градот Скопје е црвено, а во неговата лева горна четвртина, до копјето, се наоѓа грбот на Градот втиснат со жолта боја.

 

Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа на 21° 26′ источна географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 м. Се простира на 1818 км², во широчина 9 км и во должина 23 км. Градското подрачје зафаќа површина од 225 км².

 

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики, бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи. Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г. п.н.е.

 

Летата во Скопје се долги, суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекува реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.

 

Според новата територијална организација, градот Скопје има 668.518 жители (66,75% Македонци), меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.

 

На 26 јули 1963 година Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала. Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

 

Туристички локации: Камени мост, Тврдина Кале, Милениумски крст, Соборни храм „Св. Климент Охридски“, Православна црква „Св. Спас“, Улица Македонија, Стара железничка станица, Музеј на современа уметност, Место на родната куќа на Мајка Тереза, Стара турска чаршија, Мустафа-пашина џамија, Даут-пашина бања, Феудална кула, Саат-кула, Куршумли ан…

Фото извор: Буилд.мк

Comments are closed.