Сарма

Сарма

Сарма од кисела зелка

Состојки

750 гр мелено мешано месо (говедско и свинско), 150 гр сланина, 150 гр маст, 1 поголема главица кисела зелка, 50 гр ориз, 1 главица кромид, магдонос, црвен пипер, бибер, сол

Подготовка

Насечкајте го ситно кромидот, сланината, магдоносот и ставете ги во месото. Додајте го оризот, црвениот пипер, биберот, маста, посолете, и измесете го месото со сите состојки. Од зелката извадете ги поголемите листови. Во секој лист ставајте од месото и виткајте сарми. Во длабоко тенџере ставете на дното неколку листови од зелката и редете ги сармите една до друга. Меѓу сармите ставајте тенки ливчиња сланина. Залејте ги сармите со вода или ако зелката не е доволно кисела со расолница. Затворете го тенџерето со капак или алуминиумска фолија и ставете го да се вари 2 до 3 часа на умерена температура.

Сарма од кисела зелка 2

Состојки

1 поголема главица кисела зелка, 500 гр мелено мешано месо (јунешко или телешко и свинско), 1 поголема главица кромид, 1 шолја ориз, 1 јајце, бибер, сол, зејтин; запршка: 1 лажица брашно, 1 лажица црвен пипер

Подготовка

Во тава на зејтин се пржи ситно насечкан кромид и кога ќе пожолти се додава месото, се посолува, побиберува и пред крај се додава оризот. Кога месото ќе биде готово и ладно, се додава јајцето и филот добро се промешува. Ако листовите зелка се тврди, кратко се проваруваат во солена вода. Филот се мота во листовите и се прават сарми кои се редат една до друга во лонец. Се додава вода или расолница и добро поклопено се вари 2 часа на тивок оган. Кога водата ќе испари, сармата се зачинува со запршка (на вруќ зејтин се додава брашно, а кога ќе пожолти се додава црвен пипер и се пржи уште 2-3 мин.).

Напомена: Сармата може да се вари, односно запече и во рерна. Во тој случај сармите се редат во земјена тава и се поклопуваат со алуминиумска фолија. Се пече на 160 степени 2-3 часа, потоа се вади фолијата, се зачинува со запршка и се продолжува отворена да се пече уште половина час.

Сарма од лозов лист

Состојки

30-40 листови од винова лоза, 1/2 кг телешко или јагнешко месо, 1 главица кромид, 80 гр ориз, 1 јајце, 1 чаша бело вино, нане, сол, црн пипер, Вегета, зејтин; запршка: 1 лажица зејтин, 1 лажица брашно

Подготовка

Листовите се попаруваат со солена вода, потоа се мијат со ладна вода. Месото се меле. Во тава на зејтин се пржи ситно сечкан кромидот, па се додава оризот претходно сварен, меленото месо, цело јајце и зачините. Смесата убаво се промешува и сармите се виткаат. Се редат во тенџере, се залеваат со вода да ги покрие и се притискаат со капак така да се варат. Откако ќе зовријат, се прави запршка. Се додава ладна вода, се протресува тенџерето и се додава виното. Се вари околу 30 мин. Сармите се служат со кисело млеко или павлака.

Посна сарма

Состојки

1 главица кисела зелка, 400 гр ориз, 4 страка праз, 1 тиквичка, 2 моркова, 2 целера, 1 главица лук, 1 шолја сечкани ораси, 250 мл зејтин, ловоров лист, рузмарин, црвен пипер, црн пипер

Подготовка

Одвојте ја зелката лист по лист на мали парчиња. Исечете го ситнo празот и лукот и добрo испржете ги во зејтинот, а потоа дoдајте го сиот сечкан зеленчук и зачините, и на крај црвениот пипер, оризот и орасите. Прoпржете го уште 10 мин. и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер. Свиткајте мали сармички. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган околу 1 час.

Comments are closed.