Состојки
1/2 кг кори за баклава; 250 гр путер, 200 гр ореви; шербет: 300 гр шеќер, 500 гр вода, сок од 1 лимон
Подготовка
Намачкајте ја тепсијата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, а пoтоа ставете ги толчените ореви. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши сиoт материјал, а за oд горе оставете пак 3-4 кори. Сложената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200 степени додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете.
Ролат баклава со урми
Состојки
1 кг кори за баклава, 600 гр урми, 300 гр ореви, 800 гр шеќер, 6 дцл вода, 3 чоколади за готвење од 100 гр, 1 ванилин шеќер, малку маргарин
Подготовка
Направете фил од ситно исечкани урми, мелени ореви и 2 изрендани чоколади и додајте го во него ванилиниот шеќер, па замесите го добро со раце. Филувајте по 2 кори кои потоа се мотаат во вид на ролат и се редат на претходно со маргарин подмачкана тепсија. Замотаната баклава се пече околу половина час во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе се испече, исечете ја на парчиња и уште топла попрскајте ја со врел шербет што сте го подготвиле варејќи ги шеќерот и водата. На крајот, преостанатата чоколада стопете ја со малку маргарин и прелејте ја врз баклавата.
Чоколадна баклава
Состојки
1 кг кори за баклава, 5 чаши сецкани ореви (1 чаша од 200 мл) 1,5 чаша рендано чоколадо за готвење, 1/2 чаша презли, 2 лажици кафеав шеќер, 1/2 лажичка цимет, 1/2 морско оревче, 1 чаша несолени бадеми, 2/3 од чаша зејтин; шербет: 1 кг шеќер, 1 л вода, 1 лажица сок од лимон (или портокал), цимет
Подготовка
Во поголем сад измешајте ги сите состојки освен бадемите. Земете тепсија и наредете 4 кори и ставете од филот, потоа две кори па филот и така до крај, со тоа што ќе завршите со 4 кори, како што и почнавте. Исечете ја баклавата и на секое парче ставете бадем (не цел, на неколку делови исечете ги бадемите по должина). Загрејте го зејтинот и попрскајте ја баклавата, а потоа ставете ја да се пече на 180 степени околу 30 минути, па намалете на 150 и печете уште еден час. На крај, попарете ја со шербетот.
Баклава со гриз
Состојки
1 кг готови кори, 700 гр ореви (половина мелени, половина толчени), 500 гр путер, 2 лажици гриз, 2 лажици ладна вода; шербет: 1300 гр шеќер, 700 мл вода
Подготовка
Во плех се редат три кори па се прскаат со путер кој е претходно растопен на тивок оган. Се посипуваат со оревите мешани со гризот. Се редат корите една по една, па секоја се прска прво со путер, а потоа со ореви. Се завршува со три кори кои пак се прскаат со путер. Откако ќе се исече (баклавата секогаш се сече непечена), се прска со останатиот путер во кој се додадени двете лажици ладна вода. По печењето се попарува со шербет и тоа топла баклава со топол шербет.
Царска ролат баклава
Состојки
1 кг готови кори; фил: 150 гр мелени ореви, 150 гр сецкани ореви, 100 гр суво грозје, 100 гр кокос, 100 гр рендано чоколадо за готвење, 1,5 шолја шеќер, 1 шолја врела вода; шербет: 1 кг шеќер, 1 л вода, 1 ванилин шеќер, сок од 1 лимон
Подготовка
Сите состојки од филот се попаруваат со една шолја врела вода и убаво се мешаат. За секој ролат се редат по 4 кори, се прскаат со зејтин и вода, па се филуваат и се виткаат. По печењето, топлата баклава се попарува со топол шербет.
Баклава со лешници
Состојки
1 кг готови кори, 500 гр лешници (половина мелени половина толчени), 1 маргарин, 250 гр зејтин; шербет: 1,5 кг шеќер, 1 л вода, 1 ванилин шеќер, сок од половина лимон
Подготовка
Се редат корите во плех и секоја се прска со малку зејтин и малку потпечени лешници. Кога е готова се сече, па се попарува со стопениот маргарин, па се пече на 200 степени околу 25 мин. По печењето, топлата баклава се попарува со ладен шербет. Вака подготвената баклава се служи следниот ден откако шербетот ќе се впие во корите.
Баклава со вишни
Состојки
1/2 кг кори за баклава, 300 гр шеќер, 3 јајца, 300 гр зејтин, 200 гр кисело млеко, 1 прашок за пециво, 1 ванилин шеќер, 1 кг вишни, 3 лажици гриз; шербет: 500 гр шеќер, 1,5 чаша вода, кора од 1 лимон и сок од половина лимон
Подготовка
Јајцата и шеќерот се матат со миксер, се додава зејтинот, киселото млеко, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Корите се делат на два дела. На секоја втора кора се ставаат 3-4 лажици од филот. На последната кора од првиот дел не се става фил, туку се редат вишните и се посипуваат со гризот. Потоа се реди втората половина од корите и пак на секоја втора се посипува по 3-4 лажици од филот. На последната кора се сече баклавата и се полива со остатокот смеса од филот. Се пече на 170 степени околу 1 час. Шербетот врие 5 мин. Се полива на млака баклава млак шербет и се става во фрижидер.
Баклава со кокос
Состојки
1/2 кг кори за баклава, 4-5 јајца, 200 гр шеќер, 500 мл јогурт или кисело млеко, 200 гр кокос, 1 прашок за пециво; шербет: 1 кг шеќер, 1 л вода
Подготовка
Се матат само белките од јајцата со шеќерот додека не станат пенасти, се додава јогуртот или киселото млеко, кокосот и прашокот за пециво. Се меша сето заедно и се филуваат корите. Топлата баклава се полива со изладениот шербет.
Баклава 1001 ноќ
Состојки
1 кг кори за баклава, 300 гр урми, 150 гр чоколадо за готвење, 150 гр кокос, 600 гр ореви, 100 гр гриз, морско оревче, цимет, малку маргарин; шербет: 1 кг шеќер, 1 л вода, сок од 1 лимон
Подготовка
Се мешаат состојките за филот и со него се филуваат по 3 кори, па се мотаат во форма на ролат. Се редат во подмачкан плех со маргарин и баклавата се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 1 час. Ладна баклавата се попарува со топол шербет.
Баклава со кисело млеко
Состојки
1/2 кг кори за баклава, 4 јајца, 250 гр кисело млеко или јогурт, 250 гр зејтин, 1 прашок за пециво, 1 ванилин шеќер, малку ореви; шербет: 250 гр шеќер, 1/2 л вода
Подготовка
Состојките за филот добро се матат. Корите се редат и на секоја кора се става од филот, само на последната не. Пред да се стави да се пече се сече на парчиња. Откако ќе се испече се остава да се олади и се попарува со врел шербет. Се служи ладна.
Баклава со суви смокви
Состојки
1 кг кори за баклава, 500 гр сецкани ореви, 200 гр чоколадо за готвење, 200 гр суви смокви, 250 гр маргарин; шербет: 1.200 гр шеќер, 1 л вода
Подготовка
Измешајте ги оревите, смоквите исечени на ситно и чоколадото изрендано на крупно. Ставете по две кори една врз друга, секоја попрскајте ја со малку зејтин. Врз втората кора ставете од подготвениот фил, виткајте во ролат и секој ролат сечете го на парчиња. Баклавата полијте ја со растопен маргарин и печете ја додека не добие црвеникава боја. Топлата баклава се полива со топол шербет.
Баклава со суво грозје
Состојки
1/2 кг кори за баклава, 200 гр мелени ореви, 300 гр суво грозје, 250 гр маргарин; шербет: 1/2 кг шеќер, 1/2 л вода, 1 ванилин шеќер, сок од 1 лимон
Подготовка
Се мешаат оревите, грозјето и растопениот маргарин. Се филуваат корите и тоа секоја втора. Баклавата се сече на коцки и се пече во подмачкан плех додека не се вцрви. Со топлиот шербет се попарува ладната баклава.
Баклава со ф’стаци
Состојки
300 гр кори за баклава, 200 гр путер, 350 гр мелени ф’стаци; шербет: 200 гр шеќер, 7 мл вода, сок од лимон или портокал
Подготовка
Во подмачкан плех се ставаат две кори и се прскаат со растопен путер. Се посипува со ф’стаци, се покрива со две кори и повторно се прска со растопен путер. Постапката се повторува додека сите кори не се искористени. Последната кора се прска со растопен путер и баклавата се сече на коцки. Се пече на 170 степени околу 35 мин, потоа се зголемува температурата на 210 степени и се пече уште 10 мин. Печената баклава се попарува со вруќ шербет.
Баклава со афион
Состојки
500 гр кори за баклава, 3 јајца, 2 чаши шеќер (чаша од 200 мл), 1 чаша кисело млеко, 1 прашок за пециво, 1 чаша зејтин, 2 ванилин шеќера, 250 гр несомелен афион; шербет: 3 чаши шеќер, 2,5 чаши вода
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот и се додаваат останатите состојки. Плех голем колку корите намачкајте со зејтин, ставете две кори попрскани со зејтин, а потоа секоја следна кора посипете ја со 3-4 лажици фил. Последните две кори повторно попрскајте ги со зејтин. Исечете ја баклавата на коцки и печете ја на 200 степени околу 40 мин. Шербетот нека врие 7 мин. Кога баклавата ќе се олади, прелијте ја со топол шербет и почекајте да го упие пред да ја послужите.