Живко Поповски – Цветин – сликар

Живко Поповски – Цветин – сликар

Живко Поповски – Цветин е уметник сликар и хуманист, и кандидат за Нобеловата награда за мир. Роден е на 2 октомври 1944 година во с. Брезово. Дипломирал на Земјоделски факултет во Белград. Работел како новинар и уредник, бил директор, советник и раководител на државни установи. Бил Председател на Црвен крст на Македонија. Живее во Скопје. Со сликарство интензивно се занимава од 1970 година. Во македонската и пошироката светска јавност е познат и почитуван по неговата хумана акција – мисијата Цвеќето на мирот. Во Македонија и во странство има реализирано повеќе од 300 изложби. Во овие 30-тина години творештво тој подарил повеќе од 40.000 слики, кои се наоѓаат во домовите на претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти и на многу институции и поединци кои зрачат со позитивна енергија.

Comments are closed.