Прилепскиот театар со претставата „Антица“ гостува во Загреб

Прилепскиот театар со претставата „Антица“ гостува во Загреб

Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ гостува на 26. меѓународен фестивал “Еуроказ” во Загреб со претставата “Антица”. Претставата ќе биде прикажана двапати, на 1 и 2 јули 2012 година од 20.00 часот во театарот „Гавела“. Режијата е на Бранко Брезовeц, по текстот на Ристо Крле.

Фестивалот „Еуроказ”, се организира од 1987 година, а годинава е посветен на музичкиот театар, каква што е и претставата “Антица”.

Картите можат да се резервираат на моб.: 099/ 80 97 328

Comments are closed.