Мирослав Георгиевски – Миро – карикатурист

Мирослав Георгиевски – Миро – карикатурист

Мирослав Георгиевски – Миро е роден е во Куманово во 1946 година. По професија е машински инжинер и долги години живеел од својата професија. Карикатурата, стрипот и дизајнот му биле повеќе од хоби. Работел како уредник за карикатури во македонското сатирично списание Остен, а неколку години цртал карикатури и стрипови за дневните весници „Нова Македонија“ и „Дневник. Има издадено една книга со карикатури на тема стари македонски народни песни.

Како добитник на над четириесетина награди и признанија не само во Европа, туку и во повеќе прекуокеански земји, тој е еден од најуспешните македонски карикатуристи. Во Кина, каде ја освои титулата Мајстор на карикатура“, според класификацијата на кинеските карикатуристи, Георгиевски е прогласен за еден од стоте најзначајни живи карикатуристи во светот. Во 2011 година во Македонија од ЗКМ беше избран за карикатурист на годината.

Мирослав Георгиевски со своите карикатури учествувал на бројни групни и самостојни изложби во Македонија и странство. На 7. Меѓународен загрепски салон на автокарикатура 2013 година, со изложба на тема „Авто-школа – автомобилот наш секојдневен“, Мирослав Георгиевски за својата карикатура беше добитник на Првото посебно признание.

Comments are closed.