Етно група „Љубојна“

Етно група „Љубојна“

Битолската етно група Љубојнае синтеза на акустична, електронска, традиционална и современа музика. Таа страсно ја свири оваа музика во сите нејзини форми: во нејзината изворна, класична, популарна, експериментална форма. Групата ја сочинуваат повеќе музичари што и дава стилска разноликост на музиката која ја свират. Членови на групата се основачот Оливер Јосифовски (композитор и контрабасист), Вера Милошевска (вокал), Петар Христов (кларинет), Илија Јанчев (виолина), Бојан Петков (бас), Мите Наумовски (дајре) и Најдо Шакиров (тапани). Зад нив се крие богато музичко искуство и вештина предадена од мајстори на овој занает, кај некои од нив уште од најрани години како потомци на познати чалгаџии.

Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура. Таа стои зад повеќе театарски проекти: претстави, балет, перформанси, прави музика за филмови и од 2002 година од кога е основана, групата настапува со разновидни мултимедијални претстави и концерти во светот. Зад себе има неколку албуми, почнувајќи од „П.С.О.“ (2005), а музиката е компонирана за театарската претстава „Парите се отепувачка“ според драмата на Ристо Крле. Потоа следеше албумот снимен во живо „Macedonia fresh“ (2008) со чалгиска музика, како и албумот „Песна за мојата песна“ (2009), кој е направен според истоимената поема на Петре М. Андреевски. Албумот „Ljubojna in life“ (2011) е концерт снимен во живо, во Универзалната сала во Скопје. Отсвирен одлично, овој концерт со себе носи и еден „панк“ сензибилитет. Петтиот албум „Ljubojna Brass Fantasy“ (2012) е снимен со голем лимен дувачки оркестар и претставува оживување на беломорската музика од егејскиот дел на Македонија.

ДосегаЉубојнаима одржано бројни концерти низ Македонија и целиот свет: Торонто, Њујорк, Москва, Истанбул, Венеција, Рим, Париз, Марсеј, Солун, Кан, Германија, Словенија… Претставата „Парите се отепувачка“ освои гран-при за најдобра театарска претстава на фестивалитеВојдан Чернодрински во Прилеп, Славија“ во Белград и на Меѓународниот театарски фестивал „Славјански венец“ во Москва.

Comments are closed.