Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот со 14 морфиски единици. Вториот по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите. Колумбискиот на пример, е со околу 3,5 морфиски единици.
Уште во средниот век, македонските полиња биле полни со афионот кој највештите трговци – Евреите со шајки и чунови по Вардар од пристаништето во Велес и по Црна Река од пристаништето во Росоман, ги испраќале кон Солун од таму ширум светот. Првиот афион бил засеан во 1835 година во околината на Штип, а анегдотата вели дека афионските семиња биле донесени во цевките на пушка. Веста за чудната билка брзо се проширила, па долините Тиквеш и Рајац побелеле од огромните полиња со цветови. Првите статистички податоци покажуваат дека во 1880 година во долината на реката Вардар се произвеле 70 тони, дека во 1893 година преку солунското пристаниште се извезени над 19 тони, а дека следната година производството достигнало 79 тони суров опиум. Највисок процент на морфин содржел опиумот одгледуван во околината на Кавадарци, Струмица и Велес, додека малку посиромашен бил во регионот на Прилеп и Кочани.
Македонскиот опиум благодарение на поволната почва и речни наноси бил меѓу најдобрите во светот, бидејќи содржел 17-22% морфин. Се претпоставува дека тој бил најквалитетен тука, оти тука се извршени и најстарите вкрстувања за да се добие најквалитетен опиум. Како и да е, афионот во Македонија бил по полињата сè додека производството не било забрането.