Во рамките на културната манифестација „Хрватско-македонски културни врски“ која ја организираше Заедницата на Македонците во РХ под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ и во соработка со МКД „Браќа Миладиновци“ и Високото евангелско теолошко училиште во Осиек, на 17 декември 2019 година во просториите на Високото евангелско теолошко училиште во Осиек се одржа трибина на тема „Павао Вук-Павловиќ: филозофија и вера меѓу смртта и надежта“, по повод 125-годишнината од раѓањето на Павао Вук-Павловиќ (1894-1976), хрватски филозоф и основач на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Предавач беше Јулијана Младеновска Тешија.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 122.