Состојки
1 кг меко бело брашно, 1 дл зејтин, 5 јајца, 1 кг урда, 1/2 кг спанаќ, 2 кисели павлаки, сол, неколку капки оцет, вода
Подготовка
Во брашното ставете го зејтинот и додадете 2 јајца, малку сол, неколку капки оцет и замесете го тестото со малку вода. Замесеното тесто намачкано со зејтин замотајте го во најлон и оставете го да се „одмори“ во фрижидер еден час. Во меѓувреме, во урдата помешајте ја павлаката, додадете 3 јајца и смесата добро измешајте ја, а измиениот спанаќ препржете го кратко во тава додека не „свене“. Откако ќе го развлечете тестото, на него ставете ред од урдата и ред од спанаќот, па замотајте го во вид на ролат. Таквите пити се редат една до друга во подмачкана тепсија и се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Питата се служи со јогурт или кисело млеко.