И оваа 2023 година, по повод „Меѓународниот ден на книгата и авторските права“ и „Денот на хрватската книга“, во Хрватска се организираше традиционалната манифестација „Ноќ на книгата“. Заедницата на Македонците во РХ во соработка со МКД „Охридски бисер“ од Загреб учествува на оваа манифестација веќе 9 години по ред, па така, на 21 април се одржа македонската „Ноќ на книгата“. Тема на книжевната вечер беше „Запознајте го македонското современо книжевно творештво“, со наслов „Придобивките и недостатоците кои ни ги нуди вештачката интелегенција во секојдневното читање и во поезијата на Ацо Шопов“ во изведба на членовите на работилницата по македонски јазик за возрасни при МКД „Охридски бисер“ – Загреб и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во основното и средното образование во Загреб и Загрепската жупанија, со претставување на книги во издаваштво на Заедницата на Македонците во РХ. Програмата ја водеше Ивана Брезовец, професорка по македонски јазик.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 142.















